Посета на Манастир Тумане за пресвлекување на моштите Св. Зосим
Прв Ден 31.05.2025 (Сабота) Состанок на групата на паркингот пред салата Борис Трајковски во 04.00 часот. Поаѓање за Србија во 04.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Во попладневните часови се очекува пристигнување во Голубац каде ќе ја посетиме Голубачка Тврдина, која се наоѓа на влезот на Ѓердапска клисура. По завршуваење со разгледот на Голубачка тврдина се упатуваме кон Сребрено Езеро каде се сместуваме во Апартмани Панорама. Следи слободно попладне за одмор и индивидуална прошетка и разгледување на Сребрено Езеро. Ноќевање
Втор ден 01.06.2025 (Недела) Појадок и во 7,30 заминување кон Манастир Тумане каде ќе присуствуваме на пресвлекувањето на моштите на Св. Зосим Тумански и литија до испосницата која се наоѓа на 1 км од Манастирот во густата шума каде се наоѓа пештерата каде спиел Зосим и чудотворниот извор покрај неа. Распоредот оди по следниов редослед
-8:30 Света Литургтија
-10:30 Пресвлекување на моштите на Светителот
-11:00 Литија до испосницата
-12:00 Акатист во испосницата
-12:30 Молитва за здравје
На верниците присутни тој ден ќе им биде поделено парче од старата одежда на Св. Зосим.
По завршување на комплертната програма околу 13 часот го напуштаме Манастир Тумане и се упатуваме кон Македонија со попатни паузи. Во касните попладневни часови се очекува пристигнување во
Врање каде се прави пауза за слободни активности за шопинг во Lidl и околните продавници. Патувањето продолжува кон граничниот премин Табановце со царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во касните вечерните часови.
Цена на аранжманот – 60 евра (3720)ден.
Цена во евра во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Во понудата е вклучено
- Превоз со автобус на наведените локации
- Сместување во Апартмани Панорама , во Сребрено Езеро
- Сместување на база 1 ноќевања со поjaдок
- Организација и водство на патувањето.
Во понудата не е вклучено
- Патничко и здравствено осигурвање 200 ден.(до 62 год) 350 ден. (до 72 год) и над 72 год 450 ден.-задолжително
- Доплата за туристичка такса 100ден за 1 ноќевање-задолжително
- Влезница за Голубачка Тврдина 400 ден-Факултативно
Реализација на понудата
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% од сумата, доплата најдоцна 7 дена пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цена по лице за минимум двокреветна соба. За еднокреветна се доплаќа.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Свети Никола Турс - Скопје